Гостување во Брауншвајг Германија
https://www.ndr.de/…/Live-vom-groessten-Umzug-des-Nordens,s… На овој линк од преносот на NDR телевизија од 51,30 до 54,30 минута можете да го проследите настапот на компилацијата од маски ,,Струмички карневал,, составена од карневалските групи Мулен руж Анита, Струмички Викинзи и Мулен руж, која на карневалот во Брауншвајг Германија беше прогласена за најдобра маска во движење. Инаку овој карневал е трет по големина во Германија со над 250 групи и алегориски возила.
Гостување на „Риечки карневал“ Риека 2019
На 3-ти март 2019 година струмичките карневалски групи "Кико-Стил", СОУ "Димитар Влахов" и Газели, со маските:" Челичниот еднорог", "Разиграни кактуси" и "Тримерски порцелански кукли", настапија на интернациналната карневалска парада на 38-от Риечки карневал како 43 од вкупно 106 карневалски маски. Секоја од нив поединечно имаше фантастичен настап пред пробирливата риечка публика која им возврати со силни аплаузи.
На покана од членовите на Македонското културно друштво "Илинден" во Риека кое е дел од заедницата на македонците во Р.Хрватска , струмичките карневалисти остварија кратка посета во просториите на друштвото. Притоа имаа прилика да ја видат изложбата на фотографии од струмичкиот карневал од претходни изданија отворена пред една недела. Нашите карневалисти беа горди на тој чин и на самата иложба особено на тоа што нивниот труд и посветеност на Струмичкиот карневал афирмативно се прикажува во Риека како еден од најкарневалските градови во Хрватска и Европа, а и што нашите во Риека го избрале токму него за да се прикажат во најдобро светло во градењето на взаемните културни вредности.
Гостување на „Сурва“ Перник 2017
Претставуван од 25 карневалисти, членови на карневалската група „Мулен руж“, Струмичкиот карневал, на 28-ми јануари 2017 година, гостуваше на 26-тиот меѓународен карневал „Сурва“ во Перник. Тие, со својата раскошна маска и кореографија, заедно со карневалски групи од Р.Бугарија и уште 15 карневалски групи од странство со над 7.000 учесници имаа прилика да се претстават пред многубројните посетители и да го привлечат нивното внимание, како и вниманието на локалните и националните медиуми.
Гостување во Ријечкиот карневал 2016
Претставуван од 50 карневалисти, членови на нашите карневалски групи „Ѕвезден град“, „Струма“ и Мулен руж“, Струмичкиот карневал, на 07.02.2016 година, гостуваше на Меѓународната карневалска поворка на Ријечкиот карневал. Тие, со своите раскошни маски и кореографии, заедно со уште 110 карневалски групи, од кои 14 од странство, и над 10.000 учесници имаа прилика да се претстават пред многубројните посетители и да го привлечат нивното внимание како и вниманието на локалните и национални хрватски и странски медуми.