komercijalna

evn

atlantis

nikob

sparkasse

Гостување на „Сурва“ Перник 2017

received 304702373266239

 Претставуван од 25 карневалисти, членови на карневалската група „Мулен руж“, Струмичкиот карневал, на 28-ми јануари 2017 година, гостуваше на 26-тиот меѓународен карневал „Сурва“ во Перник. Тие, со  својата раскошна маска и кореографија,  заедно со  карневалски групи од Р.Бугарија и уште 15 карневалски групи од странство со над 7.000 учесници имаа прилика да се претстават пред многубројните посетители и да го привлечат нивното внимание, како и вниманието на локалните и националните медиуми.

 

Гостување во Ријечкиот карневал 2016

rijeka


Претставуван од 50 карневалисти, членови на нашите карневалски групи „Ѕвезден град“, „Струма“ и Мулен руж“, Струмичкиот карневал, на 07.02.2016 година, гостуваше на Меѓународната карневалска поворка на Ријечкиот карневал. Тие, со своите раскошни маски и кореографии, заедно со уште 110 карневалски групи, од кои 14 од странство, и над 10.000 учесници имаа прилика да се претстават пред многубројните посетители и да го привлечат нивното внимание како и вниманието на локалните и национални хрватски и странски медуми.


rijeka1


Гостување на „Сурва“ Перник 2015

DSC07328

Струмичкиот карневал со гостувањето на карневалската група од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Василево и нивната маска „Мињони“, од 30.01.до 01.02.2015 година, учествуваше на 24-от Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Перник, Р.Бугарија.

„Мињоните“ во два одвоени настапи, на сцените пред Дворецот на културата односно Домот на млади во центарот на Перник, ги претставија своите креации. Истите, како модерни маски помешани со големиот број на традиционални маски, предизвикаа огромно внимание кај публиката, која, пак, своите силни импресии ги покажа и низ фотографирањето за „фестивалско селфи“ со нашите маски, потврдувајќи го уште еднаш високиот квалитет на Струмичкиот карневал. 

Инаку, во рамките на гостувањето, од страна на домаќините за нашите учесници беше организирана и посета на подземниот рударски музеј каде низ презентација во 30-те показни депоа се запознаа со автентичната атмосфера на тешката рударска работа на ископ на јаглен низ историјатот на постоењето на рудниците за јаглен кај Перник во перидот од 1891 до 1986 година.

stopanska

grafoservis

akzent

sirius