18ти Конгрес
Од 1994 година Струмица е член на Интернационалното здружение на карневалските градови FECC. Здружението е основано 1981 година и секоја година одржува Интернационални конгреси на карневалските градови во разни делови од светот. Струмица беше домаќин на 18 конгрес во 1998година.
Досега се одржани 26 конгреси во следните градови:
1981 1 конгрес – Патра, Грција |
1994 14 конгрес – Норчепинг, Шведска |
Струмица беше примена во Интернационалното здружение на карневалските градови на 14 конгрес кој се одржа во Норчепинг, Шведска во 1994 година . На 15 конгрес во Малта се кандидира за домаќин на 18 конгрес и ја доби кандидатурата наспроти против кандидатот Тореш Ведраш од Португалија.
На 17 конгрес во Аруба Струмица го превзеде конгресното знаме со што го доби епитетот Светска карневалска престолнина 1997-98 година.