komercijalna bb

evn

atlantis

nikob

sparkasse

ministerstvo za kultura 

Гостување на „Сурва“ Перник 2015

DSC07328

Струмичкиот карневал со гостувањето на карневалската група од општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Василево и нивната маска „Мињони“, од 30.01.до 01.02.2015 година, учествуваше на 24-от Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Перник, Р.Бугарија.

„Мињоните“ во два одвоени настапи, на сцените пред Дворецот на културата односно Домот на млади во центарот на Перник, ги претставија своите креации. Истите, како модерни маски помешани со големиот број на традиционални маски, предизвикаа огромно внимание кај публиката, која, пак, своите силни импресии ги покажа и низ фотографирањето за „фестивалско селфи“ со нашите маски, потврдувајќи го уште еднаш високиот квалитет на Струмичкиот карневал. 

Инаку, во рамките на гостувањето, од страна на домаќините за нашите учесници беше организирана и посета на подземниот рударски музеј каде низ презентација во 30-те показни депоа се запознаа со автентичната атмосфера на тешката рударска работа на ископ на јаглен низ историјатот на постоењето на рудниците за јаглен кај Перник во перидот од 1891 до 1986 година.

stopanska

grafoservis

akzent

sirius

 kanal 77