Акредитација
Почитувани,
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“, Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2019 година, кој ќе се случува од 8-ми март до 13-ти март 2019 година.
Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новински агенции и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација, на 9.03.2019 година (главна карневалска вечер).
Акредитациите ќе бидат издадени врз основа на валидна идентификација:
1.Пополнета форма за акредидација
2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.
Апликациите испратете ги НАЈДОЦНА до 24-ти февруари 2019 година на следниот e-mail: strumicacarnival@gmail.com
Пријавата може да ја симнете овде: ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Информации на тел: 075/479 033
Воедно, Ве известуваме дека Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе има обезбедено ПРЕСС центар со интернет пристап.
Забелешка:
Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ