Пријава за акредитација на новинари
Почитувани,
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“, Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2015 година, кој ќе се случува од 18-ти февруари до 25-ти февруари 2015 година.
Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новински агенции и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација, на 21.02.2015 година (главна карневалска вечер).
Акредитациите ќе бидат издадени врз основа на валидна идентификација:
1.Пополнета форма за акредидација
2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.
Апликациите испратете ги НАЈДОЦНА до 18-ти февруари 2015 година на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пријавата може да ја симнете овде: ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Организациониот Одбор на Струмичкиот карневал по разгледување на пријавата за акредитација, дополнително ќе Ве исвести за одобрената акредитација, местото и времето на подигање на истата која согласно Програмата ќе важи за учество на Струмичкиот Карневал -2015.
Кандидатите кои добиле акредитација ќе бидат контактирани преку телефон, пошта и/или електронска пошта.
Пратете ја оваа апликациона форма (во WORD формат) на електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или аплицирајте директно преку официјалната веб страна www.strumickikarneval.com со наслов (subject):
Воедно, Ве известуваме дека Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе има обезбедено прес центар со интернет пристап.
Забелешка:
Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИПТ КАРНЕВАЛ