Акредитација
Почитувани,
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“, Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2017 година, кој ќе се случува од 22-ри февруари до 1-ви март 2017 година.
Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новински агенции и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација.
Акредитациите ќе бидат издадени врз основа на валидна идентификација:
1.Пополнета форма за акредидација
2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.
Апликациите испратете ги НАЈДОЦНА до 20-ти февруари 2017 година на следниот e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Пријавата може да ја симнете овде: ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Информации на тел: 075/479 033
Забелешка:
Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИПТ КАРНЕВАЛ