Промена на правилникот за организација на Струмичкиот карневал
Почитувани карневалисти,
Со цел да го унапреди Струмичкиот карневал, Одборот за организација на Струмичкиот карневал донесе одлука да изврши одредени измени во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал. Тие измени пред се ќе се однесуваат на промена на категориите на карневалските маски, висината на наградите и начинот на избор на најдобрите маски, но и на други сегменти во организацијата на карневалот ако за тоа се јават квалитетни сугестии.
Со цел да го понудиме најдоброто можно решение бараме од вас како директни учесници на карневалот да ни испратите свои предлози кои ќе помогнат за квалитетни измени во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал.
Вашите предлози во писмена форма испратете ги надоцна до 01.12.2015 година на е-маил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Со почит,
Одбор за организација на
Струмичкиот карневал
Претседател, Александар Цицимов