Одлука за измени на Правилникот
Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, на седницата одржана на 17.12.2015 година, донесе:
О Д Л У К А
За измени и дополнувања во Правилникот за организација на Струмичкиот карневал по категории и тоа: да се поделат по три награди прва, втора и трета (како и досега) во износ од:
-Категорија А (групна маска над 50 лица) 1000 евра; 900евра и 800 евра;
-Категорија Б (групна маска од 30-50лица) 600евра; 500евра и 400евра;
-Категорија В (групна маска од 20-30лица) 500евра; 400евра и 300евра;
-Категорија Г(групна маска од 10-20лица) 400евра; 300евра и 200евра;
-Категорија Д (групна маска од 5-10лица) 150евра; 100евра и 75евра;
-Категорија Ѓ(поединечна маска од 1-5лица) 100евра; 75евра и 50евра;
Вкупниот награден фонд да изнесува: 6.850 Евра во нето износ, односно околу 419.220 во денарска противвредност.
Организациониот Одбор да додели: една награда во износ од 9.000 денари на конкурс за карикатура и една награда за најдобра фотографија од 6.000 денари.
Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување.
Струмички Карневал
Организационен одбор
Претседател
Александар Цицимов