Пријав за акредитација на новинари
Почитувани,
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“ Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2024 година, кој ќе се случува од 13-ти март до 23-ти март 2024 година.
Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новинск агенции, фотографи и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација.
Акредитацијата ќе бидат издадена врз основа на валидна идентификација:
1.Пополнета форма за акредидација
2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.
Апликацијата испратете ја НАЈДОЦНА до 10-ти март 2024 година на следниот e-mail: strumicacarnival@gmail.com
Пријавата може да ја симнете овде: ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈАПријава за акредитации за новинари
Организациониот Одбор на Струмичкиот карневал по разгледување на пријавата за акредитација, дополнително ќе Ве исвести за одобрената акредитација, местото и времето на подигање на истата која согласно Програмата ќе важи за учество на Струмичкиот Карневал -2024.
Кандидатите кои добиле акредитација ќе бидат контактирани преку телефон, пошта и/или електронска пошта. Истите ќе имат обврска да достават/отстапат авторско право на користење фотографии од “Струмички карневал 2024“ година до Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал за понатамошна употреба.
Пратете ја оваа апликациона форма на електронска пошта strumicacarnival@gmail.com
Забелешка:
Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИПТ КАРНЕВАЛ