Резултати од гласањето на жири комисијата може да го превземете овде
Редоследот на поаѓање на карневалските групи може да го симнете овде
Почитувани,
Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“, Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2015 година, кој ќе се случува од 18-ти февруари до 25-ти февруари 2015 година.
Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новински агенции и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација, на 21.02.2015 година (главна карневалска вечер).
Акредитациите ќе бидат издадени врз основа на валидна идентификација:
1.Пополнета форма за акредидација
2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.
Апликациите испратете ги НАЈДОЦНА до 18-ти февруари 2015 година на следниот e-mail: strumicacarnival@gmail.com
Пријавата може да ја симнете овде: ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА
Организациониот Одбор на Струмичкиот карневал по разгледување на пријавата за акредитација, дополнително ќе Ве исвести за одобрената акредитација, местото и времето на подигање на истата која согласно Програмата ќе важи за учество на Струмичкиот Карневал -2015.
Кандидатите кои добиле акредитација ќе бидат контактирани преку телефон, пошта и/или електронска пошта.
Пратете ја оваа апликациона форма (во WORD формат) на електронска пошта strumicacarnival@gmail.com или аплицирајте директно преку официјалната веб страна www.strumickikarneval.com со наслов (subject):
Воедно, Ве известуваме дека Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе има обезбедено прес центар со интернет пристап.
Забелешка:
Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.
ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИПТ КАРНЕВАЛ
