Карневалската екипа од Струмица деновиве е дел од големата карневалска атмосфера во Риека, Хрватска, каде со својата препознатлива енергија и автентичен карневалски дух учествува во настаните и парадите. 

Присуството на струмичките карневалџии претставува одлична можност за размена на искуства со карневалски групи од повеќе земји, создавање нови пријателства и отворање простор за идни соработки. 

Учеството во Риека е уште една потврда за силната карневалска традиција што Струмица ја негува со децении и ја промовира надвор од границите, носејќи ја карневалската приказна насекаде каде што владеат радоста, креативноста и заедништвото. 






