Гостување на “Сурва” Перник – Бугарија

admin
By admin
1 Min Read

Со особена чест споделуваме дека карневалски групи од Струмица учествуваа на 60-тото јубилејно издание на Меѓународниот фестивал на маскарадни игри „Сурва“ во Перник, Република Бугарија, кој се одржа на 17.01.2026 година.
Нашата Струмица достоинствено се претстави со две креативни и впечатливи маски: „Африка во Струмица“ на ОУ „Маршал Тито“ – Струмица и „Бунтот на жабјето кралство“ на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле.
Со својата оригиналност, енергија и сценски настап, двете групи ги освоија симпатиите на многубројната публика и оставија силен впечаток на фестивалската сцена.
Горди сме што карневалскиот дух на Струмица продолжува да се препознава и надвор од границите, носејќи ја нашата традиција, креативност и препознатливост на меѓународни манифестации.

Share This Article