komercijalna

atlantis

nikob

sparkasse

 

Соопштение

    Градоначалникот Костадин Костадинов и Организациониот одбор на карневалот, а почитувајќи ги барањата на граѓаните, одлучија по пауза од две години, оваа година да продолжи вековната карневалска традиција во Струмица. Оваа вековна традиција не смее да има сериозни паузи од две или три години затоа што ги демотивира карневалските групи во иднина да учествуваат на карневалот. Но заради пандемијата во којашто се наоѓаме, карневалот ќе биде од локален карактер, а како гости ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кои најчесто доаѓаа на струмичкиот карневал и со кои имаме долгогодишна соработка. Барање и на струмичани е да не престане таа традиција да обезбедиме континуитет. Карневалот ќе почне на 2 март и ќе заврши на 9 март со тримерските обичаи. Апелирам до сите учесници и посетители максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита, но сепак да си ја изнегуваме нашата вековна традиција струмичкиот карневал, рече градоначалникот Костадинов. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а во осумте карневалски денови ќе ги има традиционалните карневалски содржини, концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони“, маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување на награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село – забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и Монографија по повод 30 – годишниот јубилеј.

1

https://youtu.be/5z0Qp5DOmoI

plakat finalen maskenbal

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77