komercijalna bb

evn

atlantis

nikob

sparkasse

ministerstvo za kultura 

Акредитација

АКРЕДИТАЦИЈА

maska

Почитувани,

Организациониот одбор на „Струмичкиот карневал“, Ви соопштува дека започна акредидитирањето за новинари, сниматели-камермани и фоторепортери за следење на „Струмичкиот Карневал“- 2020 година, кој ќе се случува од 26-ти февруари до 04-ти март 2020 година.

Медиумската акредитација ќе биде резервирана само за членови на весници, телевизии, радија, новински агенции и он-лајн медиуми кои ќе ја претставуваат соодветната организација, на 29.02.2020 година (главна карневалска вечер).

Акредитациите ќе бидат издадени врз основа на валидна идентификација:

1.Пополнета форма за акредидација

2.Документ за идентификација на денот на подигнување на акредитацијата.

     Апликациите испратете ги НАЈДОЦНА до 10-ти февруари 2020 година на следниот e-mail: strumicacarnival@gmail.com

Пријавата може да ја симнете овде:  ПРИЈАВА ЗА АКРЕДИТАЦИЈА

Информации на тел: 075/479 033

Воедно, Ве известуваме дека Организациониот одбор на Струмичкиот карневал во НУЦК „Антон Панов“ Струмица ќе има обезбедено ПРЕСС центар со интернет пристап.

Забелешка:

Организациониот Одбор на Струмичкиот Карневал е одговорен само за доделување на акредитација за новинарите, додека од моментот на доделување па понатаму, процесот преминува во раце на носителот на акредитацијата.

ОРГАНИЗАЦИОНЕН ОДБОР НА СТРУМИЧКИ КАРНЕВАЛ

Соопштение:

Поради пандемијата со Ковид – 19 Струмичкиот каневал е одложен на неодредено време со можна дата на одржување на 9-ти Мај. Имајќи го во предвид развојот на настаните ниту во овој термин не е возможно одржувањето на карневалот. Во моментот кога ќе се создадат услови Организациониот одбор во соработка со Општина Струмица и карневалските групи ќе донесе одлука дали и кога ќе се одржи јубилејниот 30-ти карневал од обновената организирана форма.

stopanska

grafoservis

ok

sirius

 kanal 77