Соопштение
Се интензивираат работните активности за карневалот 2016 година. Организа циониот одбор на Струмичкиот карневал ги интензивира работните активности со единствена цел и оваа година да понуди незаборавно карневалско доживување. Синоќа во домот на АРМ се одржа редовен состанок на Одборот на кој беа поканети и претставниците од фирмата Ривер Софт Компјутери –Струмица, која го доби овогодишниот тендер за осветлување и озвучување на Струмичкиот Карневал 2016. Тие во своето експозе најавија многу новини во техничката подршка на карневалот.