komercijalna

atlantis

nikob

sparkasse

 

Резултати од гласањето на жири комисијата (2)

nagradii

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал - членови на жири комисијата, на седницата одржана на 06.03.2022 година, донесоа:

ПРЕДМЕТ: Извештај од жири комисијата

На 06.03.2022 година, во времето од 13,00 до 15,30 часот, во просториите на НУЦК„Антон Панов“, членовите на жири комисијата:

Елена Орцева – претседател, со членови :Панче Беџовски, Катерина Милушева, Хризантема Рендевска, Александар Ненчев, Ване Ристов, и Ѓорѓи Пелтековски, одржаа заеднички работен состанок.

На состанокот согласно со одредбите од Правилникот за организација на Струмичкиот карневал кои се однесуваат на оценување и наградувањето на учесниците беа поделени и пополнети списоците за оценување на маските по катергорија.

По ова членовите на жири комисијата пристапија кон сумирање на резултатите кои беа:

За категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица

маска со реден број 10 “ Маскен Марш“ СОУ „Никола Карев„ Струмица , 70 бода;

маска со реден број 14 „CANDY WORLD Сладок Свет “, Студио за модерен балет „Газели„ 62 бода;

маска со реден број 1„Роденденска Магија„“, СОУУД „Димитар Влахов“ –Струмица, 53 бода;

маска со реден број 2 „ Господари на музиката“ СОУ „Јане Сандански„ Струмица, 53 бода;  

Категорија Б Групна маска со 30 до 50 лица

маска со реден број   12 „Јубилејниот Кас на Струма„, Здружение „Струма„, 70   бода;

маска со реден број 6 “Пчелин Рај“ ООУ „Видое Подгорец “Струмица,63 бода;

Категорија В Групна маска со 20 до 30 лица

маска со реден број 11 „Се е во наши раце„ Мулен Руж 2, 67 бода;

маска со реден број 8, „Годишни Времиња“ ООУ „Сандо Масев„ Струмица , 60 бода;

маска со реден број 15 „ FAN FACTORY”,ООУ „Никола Карев„ Пробиштип, 50 бода;

маска со реден број 5 „Пеперутки„ – ДСУ-РЦССО „Киро Бурназ„ Куманово, 34 бода;

Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

маска под ред.број 19 „Карневал Парти„ Кико Стил“ – Струмица, 70 бода;

маска со ред.број 4 „Месец на љубовта“ ООУ Маршал Тито – Струмица , 60 бода

маска со ред.бр.22 „Загаденото Царство„ Мулен Руж – Млади , 55 бода;

маска со ред.бр.21 „Тролови на Среќата“ ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиља ,45 бода;

маска со ред.бр. 24 “ Време е за чај „ООУ „Герас Цунев„с.Просениково, 45 бода;

маска со реден број 17, “ROLLER-COASTER” Ролер Костер, СОУ Гимназија„Гоце Делчев„ и СОУ „Перо Наков„- Куманово, 40 бода.

Категорија Д: Групна маска од 5-10 лица  

маска под ред.број 20 „Огнени Булки“ –ООУ „Маршал Тито“ с.Муртино, 69 бода;

маска под ред.бр. 23  „Лимена Свадба„ - Багашовски, 64 бода

Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица

маска под реден број 13 “Вонземјанин“ Багашовски, 64 бода;

маска под реден број 7 „Кралица на морето“ Багашовски, 63 бода;

маска под реден број 16 „ Планински убавец„– Багашовски, 62 бода;

Категорија Е со алегориско возило

маска под реден број 12“ Јубилејниот Кас на Струма“ Здружение „Струма„ 70 бода;

маска со ред.бр. 11 „Се е во наши раце“   Мулен руж 2„, –62 бода;

маска со ред.бр. 1 „Роденденска Магија“ – СОУУД „Димитар Влахов„ Струмица, -57 бода и

маска со реден број 22, „Загаденото Царство„ „Мулен Руж Млади„, 49 бода.

Категорија Ж дебитантска група

Поради не исполнување на условот за учество од минимум 15 учесника , не е доделена награда за дебитантска група.

Категорија награда од публика

Маска со реден број 14 , CANDY WORLD Сладок Свет, Студио за модерен балет „Газели„, 771 глас.

Жири комисијата додели и две дополнителни награди на маска со реден број 24 „ Време е за чај„ од ООУ „Герас Цунев „ с.Просениково и маска со реден број 21 „Тролови на среќата„ од ООУ „Св.Кирил и Методиј„ с.Дабиља, во износ од по 100 евра во денарска противвредност.

Доделена е и 1(една) стимулативна награда во износ од 15.000 денари на Струмичките мажуретки за целокупниот ангажман и имиџот на градот.

Врз основа на така добиените резултати жири комисијата го утврди следниот Ранг на маскираните групи по категории, по што ја донесе следната:

О д л у к а

за доделување награди по категории

За категорија А: групна маска со 50 и повеќе лица

1-ва награда, маска со реден број 10 “ Маскен Марш“ СОУ „Никола Карев„ Струмица, во висина од 1.000 евра во денарска противвредност; (70 бода)

2-ра награда, маска со реден број 14 „CANDY WORLD Сладок Свет “, Студио за модерен балет „Газели„, во висина од 900 евра во денарска противвредност; (62 бода)

3-та награда, маска со реден број 1 „Роденденска Магија„“, СОУУД “Димитар Влахов“ –Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност; (53 бода)

3-та награда, маска со реден број 2 „ Господари на музиката“, СОУ „Јане Сандански„ Струмица, , во висина од 400 евра во денарска противвредност; (53 бода)

Категорија Б Групна маска со 30 до 50 лица

1-ва награда, маска со реден број 12 „Јубилејниот Кас на Струма„, Здружение „Струма„ во висина од 600 евра во денарска противвредност; (70 бода);

2-ра награда, маска со реден број 6 “Пчелин Рај“ ООУ „Видое Подгорец “Струмица во висина од 500 евра во денарска противвредност;   (63 бода);

Трета награда не се доделува.

Категорија В Групна маска со 20 до 30 лица

1-ва награда, маска со реден број 11 „Се е во наши раце„ Мулен Руж 2„во висина од 500 евра во денарска противвредност; (67 бода);

2-ра награда, маска со ред.број 8, „Годишни Времиња“ ООУ „Сандо Масев„ Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност ; (60 бода);

3-та награда, маска со ред.број 15 „ FAN FACTORY”,ООУ „Никола Карев„ Пробиштип, во висина од 300 евра во денарска противвредност’ (50 бода);

Категорија Г: Групна маска од 10 до 20 лица

1-ва награда, маска под реден број 19 „Карневал Парти„ Кико Стил“ – Струмица, во висина од 400 евра во денарска противвредност; (70 бода);

2-ра награда, маска со реден број 4 „Месец на љубовта“ ООУ Маршал Тито – Струмица, во висина од 300 евра во денарска противвредност; (60 бода);

3-та награда , маска под ред.број 22 „Загаденото Царство„ Мулен Руж – Млади, во висина од 200 евра во денарска противвредност; (55 бода);

   

Категорија Д: Групна маска од 5-10 лица

1-ва награда, маска под ред.број 20 „Огнени Булки“ –ООУ „Маршал Тито“ с.Муртино,во висина од 150 евра во денарска противвредност, (69 бода);

2-ра награда, маска под реден број 23 „Лимена Свадба„ – Багашовски,   во висина од 100 евра во денарска противвредност, (64 бода);

Трета награда не е доделена.

Категорија Ѓ: Поединечна маска од 1 до 5 лица

1-ва награда, маска под реден број 13 “Вонземјанин“ Багашовски, во висина од 100 евра во денарска противвредност; (64 бода)

2-ра награда, маска под реден број 7 „Кралица на морето“ Багашовски, во висина од 75 евра во денарска противвредност;(63 бода);

3-та награда, маска под реден број 16, „ Планински убавец„– Багашовски во висина од 50 евра во денарска противвредност;(62 бода);

Категорија Е : со алегориско возило(

1-ва награда , маска под реден број 12“ Јубилејниот Кас на Струма“ Здружение „Струма„, во висина од 500 евра во денарска противвредност; (70 бода);

2-ра награда, маска под реден број 11 „Се е во наши раце“   Мулен руж 2„, во износ од 300 евра во денарска противвредност; ( 62 бода);

3-та награда, маска под ред.број 22, „Загаденото Царство„ „Мулен Руж Млади„ во износ од 200 евра во денарска противвредност (49 бода).

Категорија Ж: дебитантска група

Поради не исполнување на условот за учество од минимум 15 учесника , не е доделена награда за дебитантска група.

Категорија „Награда од публика„

1-ва награда , маска со реден број 14 , CANDY WORLD Сладок Свет, Студио за модерен балет „Газели„ во висина од 200 евра во денарска противвредност (771 бода)

Жири комисијата додели и две дополнителни награди на маска со реден број 24 „ Време е за чај„ од ООУ „Герас Цунев „ с.Просениково и маска со реден број 21 „Тролови на среќата„ од ООУ „Св.Кирили и Методиј„ с.Дабиља, во износ од по 100 евра во денарска противвредност.

Доделена е и 1(една) стимулативна награда во износ од 15.000 денари на Струмичките мажуретки за целокупниот ангажман и имиџот на градот.

Од вкупниот фонд за исплата на награди по категории кој изнесува 8.550 евра во денарска противвредност, со доделените награди висината на парични средства е вкупно:  8.025 евра во денарска противвредност. Останати 525 евра од вкупниот предвиден буџет за исплата на награди.

06.03.2022 година

Струмица

                                                                                             Елена Достинова –Претседател

                                                                                            Александар Ненчев– член

                                                                                            Хризантема Рендевска – член

                                                                                        Панче Беџовски –член

                                                                                          Ване Ристов – член

                                                                                          Ѓорѓи Пелтековски – член

                                                                                          Катерина Милушева – член

 

ОНЛАЈН ГЛАСАЊЕ

link za glasanje

 

Почитувани,

 

             Организациониот одбор на Струмичкиот карневал Ве известува дека оваа година за прв пат воведува „награда од публика“.

            Граѓаните ќе имаат можност да го дадат својот глас само за 1 (една) маска од сите категории преку интернет онлајн гласање на линкот: www.strumickikarnevalglasaj.mk или со скенирање на QR кодот.

Гласањето ќе биде достапно на 5-ти Март 2022 година во периодот од 19,00 до 24,00 часот.

Карневалската маска со најмногу гласови ќе освои парична награда во висина од 200 евра во денарска противвредност, а ќе биде објавена на Прес конференцијата  на 07.03.2022 година (понеделник), во 12,00 часот, во НУЦК „Антон Панов“ Струмица.

  

ПРИЛОГ: линк и QR код за гласање

 

 

                                                                   Организационен одбор на   

                                                                        Струмички карневал

 

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77