komercijalna

atlantis

nikob

sparkase

sponzori uni

sponzori ewn

 

Упатство за групите

upatstvo za grupite

maska

УПАТСТВО ЗА КАРНЕВАЛСКИТЕ ГРУПИ

за главната карневалска вечер на 17-ти февруари 2018 година

 

 

 

1. Собирањето на карневалските групи ќе биде на булевар „Маршал Тито“ кај кружниот тек каде на Инфо пункт ќе може да се подигнат стартните броеви, боновите за пијалок и храна. Поворката ќе се формира долж булевар „Маршал Тито“ каде групите треба да се подредуваат по редни броеви;

2. На денот на главната карневалска поворка во времето од 16,00 часот до 23,00 часот, во целост ќе биде затворен сообраќајот во централното градско подрачје предвидено во маршрутата;

3.Подвижните тоалети ќе бидат поставени на видни место долж трасата.

4. Долж трасата за време на одржување на интернационалната карневалска поворка ќе има музика, додека на раскрсницата од Бул.Маршал Тито со ул:„Ленинова“ спроти Глобал ќе биде поставена бина, каде ќе биде првата изведба на карневалската група, по што следи уште една изведба на Вип трибината на плоштад „Гоце Делчев“ ;

5. По доаѓањето на целта стартните броеви потребно е да се предадат на поставениот инфо пункт. Апелираме таблите со броеви задолжително да бидат предадени се со цел избегнување на дополнителни трошоци за изработка на нови табли;

6. Во случај на било какви проблеми потребно е да се обратете на вашите водичи кои ќе бидат одбележани.

7. Доколку ви се случи било каква незгода потребно е директно да звонете на бесплатните телефонски броеви 192 (полиција), 193 (територијална противпожарна единица) и 194 (брза помош).

8. Сите возила кои учествуваат во карневалската поворка (алегориски) треба да бидат маскирани.

9. Алкохолизирани возачи на алегориски возила ќе бидат исклучени од сообраќајот;

10. Апелираме мали деца да не се водат во поворката;

11. Секое алегориско возило треба да има апарат за гасење на почетен пожар;

12. Не користете стаклена амбалажа и пиротехника во текот на траењето на поворката;                                    

 

   Организационен одбор на Струмичкиот карневал

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77

akzentmedia

fleks kredit