komercijalna

atlantis

nikob

sparkasse

 

kluc

Клучот на градот под „Царевите кули“ повторно во рацете на карневалистите!

Пред платото на НУЦК „Антон Панов“-Струмица на ден 02.03.2022 година со свечена церемонија, Градоначалникот, Костадин Костадинов, придружен од Претседателот на Советот на општината, советниците на општина и мажоретките, со подигање на знамињата им го предаде клучот на карневалистите кои во наредните 8 дена „ ја има власта во свои раце“. Име на карневалистите клучот го презеде г-динот Александар Цицимов, почесен Претседател на FECC на Македонија и член на бордот на FECC. Маскираните претставници од карневалските групи му дадоа посебен колорит на настанот.

Церемонијата на првиот карневалски ден продолжи во 19:00 часот во фоајето на НУЦК „Антон Панов“ со промоција на Монографијата „Струмичко чудо“ од авторите, Александар Цицимов и м-р Катерина Милушева. Промотори на Монографијата покрај авторите беа и г-дин Ларс Алгелл, претседател на ФЕКГ и г-дин Ѓорги Калајџиев кој беше и модератор на настанот. Свое обраќање имаше и градоначалникот, Костадин Костадинов.

 

https://youtu.be/5z0Qp5DOmoI

plakat finalen maskenbal

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77