komercijalna

atlantis

nikob

sparkase

sponzori uni

sponzori ewn

 

Струмица домаќин на претставници на карневалски градови од 14 земји

karneval - plakatСтрумица слави голем јубилеј, 20 години од приемот во најголемата светска карневалска асоцијација, Европската федерација на карневалски градови FECC. Но истовремено е и домаќин на прославата на 34-от роденден на оваа федерација. Токму поради ова, таа деновиве е домаќин на 80 претставници од карневалски градови на 14 земји во светот и тоа: Белгија, Бугарија, Кипар, Холандија, Германија, Франција, Хрватска, Португалија, Малта, Словенија, Шведска, Србија, Украина и Македонија. Одбележувањата ќе започнат вечерва во хотелот „Сириус“ каде што градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев ќе им посака добредојде на гостите и ќе ги врачи меморијалните медали во спомен на 20 годишнината од приемот на Струмица во FECC.


Веднаш потоа ќе биде промовиран карневалскиот град Бол на островот Брач Хрватска, како домаќин на следната 35-та конвенција на FECC и потпишан договор помеѓу градоначалникот на Бол и претседателот на FECC. По повод 20 години од приемот на Струмица во Европската федерација на карневалски градови градоначалникот Зоран Заев утревечер ќе приреди прием за гостите и ќе ја отвори изложбата насловена „За 20 години во FECC помеѓу 20 топ улични карневали во светот“ на која преку фотографии ќе биде презентиран развојот на карневалот во Струмица, кој има вековна традиција. Прославата на 34-от роденден на Европската федерација на карневалски градови токму во Струмица и присуството на претставници од 14 земји, уште еднаш потврдува дека Струмица е етаблирана топ карневалска дестинација во светот.

stopanska

grafoservis

sirius

kanal 77

akzentmedia

fleks kredit